Alientech

Alientech

Alientech е италијанска компанија која од 1991 година работи на подобрување и корекција на датотеките за стандардните и автомобили за трки. Благодарение на уредите и софтверите развиени од страна на високо квалификувани инженерски тим, денес Alientech e една од нај референтните компании во светот во “chiptuning”.

K-Suite

K-Suite е софтвер за управување со уредите K-tag и KESSv2. Дизајниран да биде сигурен и интуитивен за читање и пишување во моторниот контролен модул (ECU).

K-suite е дизајниран со интерактивни упатства чекор по чекор, за полесно користење на вашите уреди K-tag и KESSv2. Моќниот K-suite е компатибилен со било која комуникациска линија. Со користење на KESSv2 или K-tag ќе имате можност за читање и пишување на најразлични комуникациски линии на моторните контролни модули (ECU):

  • MOTOROLA MPC5xx
  • MOTOROLA 68000HC
  • MOTOROLA HC12
  • MOTOROLA NEXUS MPC5xxx
  • RENESAS SH705xx
  • RENESAS M32
  • MITSUBISHI MH72xx
  • MITSUBISHI MH8xx
  • INFINEON TRICORE
  • ST10

Да се обезбеди непречена работа на корисниците на уредите KESSv2 и K-tag, Alientech, дизајнираше софтвер K-Suite, кој работи со уредите кои нудат целосна компатибилност и безбедност при работа.

Alientech 1
Alientech 2

K-tag универзална алатка за тјунирање

K-tag се користи за читање и пишување на моторните контролни модули (ECU), но со директно поврзување. Со оваа алатка може да се пристапи на секој микропроцесор, EEPROM и флеш меморија.

K-tag може да го користите според вашите потреби, односно да одберете автомобили, мотори, камиони, трактори, и чамци.

K-tag, е достапен во Master и Slave верзија.

K-tag Master

  • Флексибилни и лесно прилагодливи на вашите потреби
  • Компатибилни за повеќето возила и достапни за 8, 16, и 32 битни микропроцесори
  • Автоматско ажурирање на нашите онлајн прирачници кои нудат голем број на упатства чекор-по-чекор, упатство со слика за поврзување на моторни контролни модули (ECU)
  • Целосна копија и бекап на податоците
  • Aвтоматска корекција (Checksum)
  • Читање и пишување поединечно секоја комппонента, процесор, EEPROM, и флеш меморија
  • Отстранување на заштита за да се овозможи да се чита и пишува преку OBD
  • K-tag Slave

    Како корисник на Slave верзија може да користите готови модифицирани фајлови. Пријавени во мрежата како Slave, ќе може да обезбедите фајлови преку претходно назначениот Master.

    Со Master уредите, фајлови прочитани од ECU се отклучени односно спремни за модификација, тјунирање или други промени. Со користење на Master уред, ќе може да модифицирате фајлови и да направите ваша мрежа на Slave уреди, кои ќе ги користат вашите фајлови.

KESSv2 - OBD алатка за тјунирање

KESSv2 е моќна алатка која овозможува читање и пишување во моторен контролен модул (ECU) од автомобили мотоцикли, камиони, земјоделски возила, како и чамци со едноставно приклучување на кабел за меѓуврска на дијагностичкиот приклучок.

KESSv2 Master

Мастер верзија на алатката ви овозможуваат целосен пристап до базата на податоци кои се наоѓаат во ECU.

  • Идентификација на возилото
  • Контрола на напонот на акумулаторот
  • Резервна копија на оригиналните кодови од инјекторите на возилото
  • Проверки и бришење на евентуални грешки (DTC) во ECU
  • Aвтоматска корекција (Checksum)
  • Целосна и резервна копија на податоците
  • Способност за враќање на податоците во случај на грешка
  • Со користење на нашиот уред KESSv2, никогаш не треба да се грижите за автоматската корекција или соодветна процедура за поврзување со ECU. Во самиот софтвер K-suite, со избирање на модел на возилото, ви дава пристап до прирачниците. Функцијата за резервна копија ви овозможува секогаш да ги вратите фабричките податоци во ECU, дури и во случај на непредвидени грешки.

    KESSv2 Slave

    KESSv2 Slave уредот, ви овозможува многу лесно да вршите тјунирање со користење на големата датотека со готови фајлови во мрежата.

    Со овој уред можете:

    • Читање и пишување од датотеките направени од искусните тјунерски мрежи во светот
    • Процесот читање и пишување е направен, чекор по чекор со софтверот
    • Сите софтверски ажурирања, автоматски се проверуват со вклучување на уредот
    • Ако веќе поседувате KESSv2 Master, не двоумете се да не контактирате, ние може да ви помогнеме да направите своја мрежа.
Alientech Kess

Powergate3 - Персонален OBD програматор

Powergate3 е најнапредна алатка за репрограмирамирање на моторен контролен модул (ECU) кај: автомобили, камиони, земјоделски возила и чамци. По внимателно истражување Alientech, со гордост ви ја претставува Третата генерација на персонален, личен OBD II програматор.

Благодарение на значително зголемената меморија во самиот уред, сега е можно да се зачува една корегирана мапа на моторот, заедно со оригиналната мапа. Alientech со Powergate 3 заедно може да ви помогнат да се оптимизира времето на работа, а воедно и заштити вашето техничко познавање.

Овој уред нуди:

  • креирање сопствени "Примери" за повеќе брендови
  • повеќе јазична конфигурација
  • протоколи специфични за вашата компанија
  • способност да направите и испратите повеќе податоци на уредот
  • можност да направите софтверска апликација за краен корисник и графика на вашата компанија за понатамошно препознавање.
Alientech 3
Alientech 4

ECM - Софтвер за калибрацијa

ECM Titanium е софтвер кој Ви овозможува да ги протолкувате датотеките складирани во моторниот контролен модул на моторот, лесно, прецизно, независно и со голема сигурност. Лесно можете да ги најдете ограничувањата во внатрешноста на датотеките за зголемување на перформансите на моторот или да се корегира потрошувачката на горивото и едноставно да ги зачувате.

Со користење на драјвери, оригинални "Индекси", на прочитаните податоци од ECU, лесно можете да ги најдете главните мапи и ограничувачи складирани во внатрешноста на датотеките, за да се зголеми ефикасноста на моторот или едноставно да ги зачувате на потрошувачката на гориво.

ECM Titanium е револуционерен софтвер кој работи на било кој компјутер. При само прикачување на USB на вашиот компјутер, за неколку секунди ECM Titanium започнува да работи и благодарение на 8 GB меморија секогаш ќе ги имате со вас вашите оригинални датотеки, модифицирани фајлови и податоците симнати од онлајн базата на Alientech.

Интегрирана база на податоци:
Благодарение на нова и моќна база на податоци на ECM Titanium, можете да ги чувате и да ги користите вашите оригинални и променети датотеки во секое време.
Сите податоци преземени или коригирани се каталоризираат на уреден и интуитивен начин, така што можете да направите сопствени датотеки.