Ragazzon

Ragazzon

Ragazzon 3

ИСКУСТВО, ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ИНОВАТИВНОСТ

Големото искуство и модерната технологија во комбинација со иновативен дух, тоа се особините кој Ragazzon, го прават лидер во производство на високо квалитетни спрортски пригушувачи. Мотивиран, креативен и динамичен тим на професионалци, со секојдневно истражување, своите производи ги прават напредни, технички најдобри во согласност со денешните трендови.

Благодарност на искуството, материјали со врвен квалитет и посебна грижа при дизајн и производство, детално на секој придушувач посебно, Ragazzon гарантира со максимален квалитет и издржливост за нивните производи.

А клучот за успехот на нивните производи е непогрешливиот звук, секогаш во рамките на нормативите EEC.

ЛИДЕРИ ВО ИНОВАЦИИ

Ragazzon 1

EVO LINE + EVO ONE LINE

Оваа линија на производи, даваат спортски изглед на вашиот автомобил, непогрешлив Ragazzon звук, а сето тоа е едноставно за вградување.

Сите производи во целост се направени од Inox AISI челик 304 и e извршена хомологација по EEC стандарди. Комплетната линија, катализаторите и задните пригушувачи со бочен излаз се направени со хомологација по FIA CSAI – стандарди. Оваа серија ви нуди високи перформанси, го намалува повратниот притисок, ја зголемува моќноста на моторот и ја намалува потрошувачката на гориво.

Повеќе од 50 различни модели на завршни цевки, се достапни за да направите иновативен, победнички дизајн како би одговарал на било кој модел на автомобил. EVO Line + Evo One Line, нуди вискока класа на пригушувачи кој го гарантира времето на издржливост на спортскиот издувен систем.

EVO One Line, ги вклучува сите модели на автомобили произведени до 2002 година.

TOP LINE

Top Line, во целост изработен од INOX, содржи задни пригушувачи со лев, десен или среден излаз, вентил и дополнителна опрема.

Овие производи нудат непогрешлив звук ('ржење), во комбинација со иновативен дизајн, кој гарантира најдобри перформанси за вашиот автомобил. Достапни со 2 или 4 излезни цевки. Top Line е доказ за искуството и стручноста на Ragazzon, нагласувајки ги деталите и лесно видливи, квалитетни материјали во нивните производи.

Top Line, е синоним за уникатен стил!

Ragazzon 2

H2 FLOW LINE

Со производите H2 Flow Line, Ragazzon, повторно ги крена своите стандарди.

Благодарение на нивното искуство во техничките иновации, Ragazzon, единствени на пазарот, може да се пофалат со голем избор на производи направени во целост со користење на “Hydroforming Technology” процес. Овој високо технолошки производ, изработен од еден кружен дел, инокс челични цефки, преку софистицирана технологија со висок притисок, дава форма на надворешно тело, пригушувач, со однапред зададена форма и димензија.

Благодарение на хидроформинг процесот и со користење на најдобрите материјали достапни на пазарот, овозможува, намалување на тежината на произоводот, значително намален бројот на точките на заварување, ја зголемува својата моќност и времето на идржлиовста. Сите овие предности: производите во целост направени во Италија, под EEC нормативите и со одличен сооднос, цена и квалитет, се заштитните знаци на Ragazzon.

UTP

Racing style за вашиот автомобил. UTP линијата вклучува широк спектар на додатоци како што се roll-bars, естетска заштита, ламбда емулатор и Common rail - контролни единици. Придушувачи со супериорен спортски изглед изработени од ЕЕЗ инокс челик. UTP придушувачката линија гарантира зголемување на перформансите и звук за чисто уживање.