Vogtland

Vogtland

Vogtland е компанија со три работни единици: VDF Vogtland Federntechnik, Vogtland Autosport, и Vogtland Северна Америка. Сите производи се со висок квалитет со 100 годишна традиција и најактуелни производствени технологии. Различните производствени капацитети, производствени линии и ефикасност на самата компанија, овозможуваат да бидат снабдувачи на некои од најдобрите во NASCAR и Indy Car тимови во Северна Америка.

Vogtland Спорт пружините се произведени од посебни материјали, челици со висока цврстина, и со користење на процесот на ладно виткање. Ова обезбедува намалување на тежината кое допринесува за ефикасно намалување на тежината на возилото за подобри перформанси.

Главниот фокус на Vogtland е опслужување на големиот број прозводители на автомобили со различни видови на спирали.

Vogtland 1

ELS - Модул за електронска контрола – намалување на суспензијата

Vogltalnd својата програма на производи ја прошири со електронско намалување на суспензијата.

Со овој модул Vogtland, овозможува електронско подесување на висината на возилото, за возила опремени со воздушна суспензија или со ABC - активна суспензија. Со модулот може да се постигне намалување до 40 mm овозможувајќи, спортски перформанси и возна динамика како и оптимизација на безбедноста.

Со поставениот прекинувач може да одберете различен мод на суспензија, стандардна или пак спорт.

Спортска суспензија - Sport Suspension Kits

Vogtland 2

VOGTLAND спортската суспензија е целосно решение за вашето возило. Спортска суспензија ги користи најдобрите амортизери да даде најдобри перфоманси за сите недостатоци на суспензии на возилата.

VOGTLAND спортска суспензија го подобрува изгледот, стабилноста на Вашето возило со кое ќе ја зголеми вашата самодоверба позади управувачот.

Спортска суспензија од Vogtland е целосно решение за Вашето возило. Во дополнение на стандардната суспензија, силата на амортизацијата може да се прилагоди. Во комбинација со нашите поагресивни пакети на амортизери и пружини силата на амортизација може да се промени до 100%. Како резултат на долгогодишно истражување и тестирање, Vogtland конструираше спортска суспензија со избор на оптимална динамика на секое возило. Специјално избрани амортизери обезбедуват подобрена амортизацијата, зголемени перформанси како и комплетно решение на суспензија.

Суспензија со спирален калем - Coil over suspension

Овој тип на суспензија обезбедува индивидуално намалување на висината во зависност од самите карактеристики на возилото. Опремени со дополнителна компресија и се погодни за спортска патеката, но сепак доволно удобни за возење на улица.

Амортизацијата и висината се прилагодливи. Vogtland со овој модел на суспензија нуди можност да возачот одбере, односно да ја подеси суспензијата во зависност од патот.

Со Vogtland coilovers, опсегот на суспензијата може да се менува и до 80 mm.

Vogtland 3
Vogtland 4

Спорт пружини - Sport Springs

VOGTLAND спорт пружините се произведени во Германија, за подобрување на суспензијата. Со спорт пружините добивате подобар изглед, а воедно и значително подобрување на перформансите на возилото. Спорт пружините овозможуваат удобност под нормални услови на возење и максимална ефикасност кога се користат во спортски тип на возење.

Vogtland соедини две различни нивоа во спорт пружините.

Првото ниво, обезбедува правилно и неопходно функционирање на суспензија за време на сите услови на патот, а второто ниво е дизајнирано да обезбеди подобра стабилност на возилото. Секоја пружина поединечно се калибрира за секој модел на автомобил и обезбедува рамнотежа помеѓу перформансите и комфорот. Со спорт пружините може да се намали висината од 25 mm до 60 mm.

Вашиот автомобил може да добие подобар визуелен изглед.

Намалување на висината на автомобилот повеќе во предната отколку во задната суспензија дава поагресивен изглед.

Пружини за тркање - Racing Springs

Оваа програма се состои од четири категории на производи:

  • VR Racing пружини со внатрешен дијаметар од 60 mm;
  • VR Racing пружини со 2,5” внатрешен дијаметар;
  • VR Racing пружини со 2,25”внатрешен дијаметар;
  • NASCAR Racing пружини.

Пружините за тркање се произведени во специјални легури. Легурите овозможуват да се намали тежината за подобрено управување и подобри перформанси.

Vogtland VR тркачки пружини се со намалена тежина за 35% со користење на конвенционалната хром силициум (CrSi) легура.

Имплементација на најновата Wafios технологија за производство на пружини, ги диктира најновите правила, прописи и карактеристики на пружините. Нашиот процес, виткање на пружините вклучува калење и процес на предподесување. На крај пружините се заштитуваат и пластифицираат со врвна антикорозивна заштита. На VR тркачките пружини, тестирањето е направено под најтешки мотоспорт услови.