Зошто тјунирање кај нас?

Во Февруари 2014 година, „Еуроимпекс“ официјално стана генерален застапник за CSS Professional Tuning од Словенија.

„Еуроимпекс“ е првата компанија во Македонија која на потенцијалните клиенти им овозможува компаративно тест возење на тјунирано и нетјунирано возило. Преку ова, клиентите имаат можност да ја согледаат разликата и добијат впечаток за степенот на подобрување на перформансите на возилото, за зголемената флексибилност, енергичност и економичност.

„Еуроимпекс“ овозможува професионално тјунирање на сите брендови на возила.
За извршената софтверска модификација, клиентот добива гаранција за софтверот сè додека возилото е во возна состојба!

Со внимателна корекција (remap) на софтверот во моторниот контролен модул (ECU) може да се подобрат возните својства, без никаква штета на возилото или промени во неговата безбедност. Ние сме повеќе од просечна chiptuning компанијата. Ние работиме со најдобрите светски тјунинг компании, со голема флексибилност и избор, за да го понудиме најдоброто решение за вашите потреби.

Располагаме со специјализирана опрема, која ни овозможува да ги пронајдеме и поправиме сите видови на грешки кај сите брендови и модели на возила. Вклучувајќи физичка поправки на моторниот контролен модул (ECU), кодирање, отстранување Имобилизатор, клонирање.

Професионалното работење и успешното застапство на CSS Professional Tuning софтверите од Словенија и Alientech уредите од Италија, доведоа до зголемување на полето на работа во сферата на тјунингот и „Еуроимпекс“ како Генерален застапник ја надгради својата понуда со италијанскиот бренд Ragazzon за висока класа на спортски издуви и германскиот бренд Vogtland за суспензија со високи перформанси.

Сега можеме да понудиме многу повеќе за љубителите на тјунингот, а воедно притоа клиентите добиваат максимален квалитет и професионална изведба. Преку издувите на Ragazoon, клиентот не само што добива менување на звукот, туку и подобрување на перформансите (од 5 до 15 КС во зависност од возилото). Карактеристично за овие издуви е нивната изработка што се карактеризира со многу малку заварени споеви на иноксниот материјал, што е генерална стратегија на овој бренд.

Vogtland амортизерите обезбедуваат врвен квалитет и врвни перформанси на суспензијата. Станува збор за реномиран и добро познат бренд на јавноста со повеќе од 100 годишна традиција.

Професионално тјунирање

Што добивате?

  • подобрување на ефикасноста на моторот,
  • зголемена моќност,
  • зголемен вртежен момент,
  • намалена потрошувачка на горивото,
  • рекалибрација (remap) на моторниот контролен модул(ECU),
  • тјунирање со лиценцирани софтвери и оригинална опрема,
  • секој софтвер пред неговото вчитување во возилото е претходно тестиран на друго исто такво возило,
  • гаранција за извршената работа,
  • професионален и едуциран тим кој се грижи за вас и работи според ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандардите.

Услуги

Можете да сметате на нас за следниве услуги:

  • Дијагностика
  • ECU remap
  • Тунинг

Брендови

Работиме со најдобрите светски тјунинг компании:

  • CSS Performance Tuning
  • Alientech
  • Ragazzon
  • Vogtland