Дијагностика

 Дијагностика
  • Имаме дијагностички уреди и специјални алати за вршење на точна дијагностика на сите видови на возила. Може да се направи дијагностика на било кој бренд и модел на возило.
  • Големиот избор на дијагностички уреди ни овозможуваат да ги пронајдеме и поправиме сите дефекти на било кој бренд и модел на возило. Вклучувајќи физички поправки на ECU, Кодирање, бришење на Имобилајзер, Вирџин (комплет бришење), Клонирање.
  • За разлика од другите сервиси, кој поправката ја сведуваат на замена на механички елементи на возилата, ние Професионален Тјунинг, сме специјализирани сите комплексни компјутери (ECU, BSI, UPC, AIR BAG, ABS, ESP итн..) на сите возила да ги поправиме, доколку ни дозволува природата на самиот дефект.
  • Со дијагностичката опрема која ја поседуваме во комбинација со нашето искуство можеме да извршиме дијагностика на повеќето грешки за помалку од еден час.

Дијагностичка постапка:

  • Дијагностика се врши од страна на професионален техничар.
  • Компјутерска дијагностика, документирање на грешките (DTC - errors) и нивниот опис (DTC – code)
  • Проверка во базата со технички податоци за секој тип на возило, издадени од страна на производителот на возилото.
  • Се прави визуелен преглед во просторот кај моторот, визуелна контролана на ел. инсталација или вакумска инсталција, во зависност од возилото.
  • Контрола на акумулаторот и системот за полнење на акумулаторот.
  • Се врши еден или повеќе од следните тестови: притисок на гориво, свеќици, компресија на цилиндри, поединечни компоненти.
  • Анализа на параметри и работа на моторот
  • Се врши комплетна проценка.
 Дијагностика 2