Што е ECU - ремап?

Модерните автомобили имаат моторен контролен модул (ECU). Истите имаат вградената мапа со која се контролира количината на вбризгувањето на горивото, аголот на палење во зависност од оперативната состојба. Производителите на автомобили се приморани да овие програми (мапи) ги прават во согласност со одредени критериуми и со значителни резерви, поради строгите и новите еуро нормативи.

 ECU - ремап

ECU ремап е корекција на мапата поставена во ECU. Се подесуваат одредени параметри во мапата, како што се, притисок на гориво, притисок на турбина, корекција на степенот на палење, педала за гас, едноставно да се ослободат правите перформанси на моторот. Овој процес е потполно безбеден, затоа што со него се добиваат само правите перформанси кој моторот ги има. Со подесувањето, карактеристиките на моторот ќе се подобрат, се ослободува повеќе моќност, а воедно се намалува потрошувачката на гориво.

Предности со ECU – ремапа:

  • Зголемена моќност.
  • Зголемен вртежен момент.
  • Подобра осетливост на педалата за гас.
  • Намалена потрошувачка на гориво.
  • Со ремапа, не само што ќе се подобри моќноста на моторот и зголеми вртежениот момент, исто така, ќе се зголеми осетливоста на педалата за гас.
  • Испораката на моќноста ќе биде линеарна, а со тоа возилото ќе стане по-стартно и моторот пофлексибилен.
  • Друга главна предност е намалување на потрошувачката на гориво. Со зголемен вртежен момент, особено во долната граница, нема да има потреба од премногу притискање на педалата за гас за одржување на брзината на автомобилот, а Ви овозможува да возите во поголем степен на пренос.
 ECU - ремап 2

ECU - Ремап, дали е легално?

ДА: Нема ништо нелегално во врска ремапа на ECU на еден мотор.