Што е чип тјуниг?

Чип тјунинг е сигурен начин да се зголеми ефикасноста на вашето возило. Сите современи возила, денес имаат ECU (МОТОРЕН КОНТРОЛЕН МОДУЛ). Овој моторен контролен модул, речиси може да се опише како “мозокот" на возилата и содржи мал процесор кој ги зема сите информации од различните сензори во текот на работата на моторот. Ги анализира информациите како што се температурата на моторот, аголот на педалата за забрзување, содржината на кислород во издувните гасови, како и многу други параметри. Со користење на овие информации од сензорите во моторниот контролен мотор, може да додадете вистинската количина на гориво, во вистинско време за да се обезбеди добра смеса за помала потрошувачка на горивото, а воедно и подобри перформанси и контрола на издувните гасови. Кога производителот развива нов автомобил, треба да ги земе во предвид сите услови што можат да бидат предмет во сите региони во кои тие имаат намера да го продаваат автомобилот. Ова значи дека, при подготовка на програмата во ECU или "мапата" за реализација на најдобри перформанси и добра ефикасност, производителот треба да ги земе во предвид, потенцијалните различни услови за работа, вклучувајќи ги стандардите на горивата, екстремните различни температури и надморска височина, различни закони за емисија, па дури и опцијата дека не може да се сервисира возилото во согласност со упатствата на производителот. Како резултат на тоа, моторот на Вашето возило користи само 60 до 70% од своите можности. Овој факт, сепак, може лесно и безбедно да се промени со прилагодување на податоците складирани во меморијата на моторниот контролен модул, наречена чип.

 Што е чип тјуниг

Денес, терминот чип тјунинг се користи погрешно, како што луѓето често го користат за да се опише подесување “ремапа” на ECU која не вклучува замена на чипот. На современите автомобили, моторните контролни модули, можат да се прилагодат со едноставно ажурирање на нов софтвер преку стандарден приклучок (OBD), кој се користи за дијагностика на возилото.

Тјунирање Фаза 1, 2 или 3 (Stage 1,2, and 3)

Тјунирање Фаза 1

Тјунирање во фаза 1 (stage 1), е специјално направена мапа (remap) за Вашето возило на единицата за управување на моторот. Мапата е дизајнирана да се зголеми ефикасноста, управливоста и да се намали потрошувачката на горивото. Во оваа фаза нема никакви механички промени на вашето возило.

 Тјунирање Фаза 1
 Тјунирање Фаза 2 2

Тјунирање Фаза 2

Фаза 2 (stage 2) се прави на база фаза 1 (remap) овозможувајќи надградба на хибриден турбо полнач, интеркулер, издувна грана, издувни лонци, индуктивен кит, итн. Ова овозможува да се добијат најдобрите можни резултати, кои се прилагодуваат според вашите потреби.

 Тјунирање Фаза 2
 Тјунирање Фаза 3

Тјунирање Фаза 3

Третата фаза вклучува поголема надградба за Вашето возило. Поголемите надградби, како што се поголем турбо полнач, поголеми инџектори, издувна грана, издувни лонци, дури и промена на моторниот контролен модул, но и промена во системот за сопирање. Сè ова е вклучено во тјунирање во фаза 3.